Your browser does not support JavaScript!
Успешни приказни

 

 

Овие приказни покажуваат колку средствата од американскиот народ помагаат да се подобри животот на македонските граѓани, со примери за тоа како американската помош за странство функционира, кои се корисниците и какво влијание оваа помош има врз индивидуалните лица, семејствата и заедниците во оваа земја..

 

УСАИД поддржува револуционерна промена во системот за спроведување на пресуди на граѓанските судови

Со децении, голем недостаток на македонското граѓанско судство беа проблемите со кои се соочуваа доверителите при врачување на пресудите. Системот бараше тужителот да се врати на суд посе успешна пресуда за да започне бавна извршна постапка која често резултираше во оддолжувања од години или дури декади...

     Прочитај повеќе

Flip камери промовираат одлична настава

Весела Богдановиќ е наставник во основно образование, во мало рурално училиште во оддалеченото село Ивањевци.  Таа патува два часа дневно за да стигне на работа, во основното училиште „Кочо Рацин“.  За нејзе, освојувањето на Наградата од публиката на Филмскиот фестивал на  Проектот на УСАИД во Македонија претставува вистинско признание за извонредната работа што ја работи заедно со нејзините ученици...

     Прочитај повеќе

Весна Велкова на нејзиното ново работно место во ПроКредит

Рекордни 40 вработувања во еден месец беа реализирани преку Моја Кариера во мај 2011. Програмата беше лансирана во 2009 г. како дел од Проектот за Конкурентност на УСАИД, со цел да се се поттикне вработувањето на младите и да се зајакнат вештините на работната сила...

     Прочитај повеќе

ACCMIS во употреба во македонски суд

Компјутерскиот систем за управување со судски предмети финансиран имаше „револуционерно“ влијание врз работата на судовите во земјата, рече Судијата Стојанче Рибарев, Претседател на Апелациониот суд во Штип.Информатичкиот систем за автоматизирано управување со судски предмети (ACCMIS), кој стана оперативен во сите 33 македонски судови во 2010 година...

     Прочитај повеќе

Македонските наставници добитници на европски Гран При

УСАИД/Македонија подготви иновативен процес на издавање сертификати за своите програми за обука на наставници, со цел да обезбеди инкорпорирање на новите вештини што наставниците ги имаат стекнато во нивната практична работа.  Овие програми повеќе не обезбедуваат сертификати само заради едноставно присуствување на обуката. Наставниците прво мораат да обезбедат доказ преку професионално портфолио дека тие ги користат новите стекнати вештини и знаења во нивната настава...

     Прочитај повеќе

Македонските наставници добитници на европски Гран При

Македонските наставници, ко-спонзорирани од УСАИД и Microsoft Macedonia, добија европски Гран При на Форумот за иновативно образование на Microsoft, кој се одржа во Москва, од 21-25 март, 2011 г. Ова достигнување е најголем дострел на активностите на УСАИД за поддршка на проектот на Владата на Република Македонија за компјутеризација на сите основни училишта во земјата. Преку овие заеднички напори, Владата на Република Македонија обезбеди компјутери за сите основни училишта, додека пак УСАИД...

     Прочитај повеќе

Индивидуална средба на настанот Бизнис со бизнис

Конфекционерите од Македонија остварија опсежни индивидуални средби со големи имиња од конфекционерската индустрија, трговци на мало, клиенти, снабдувачи и новинари од Обединетото Кралство и од Австрија, благодарение на првата годишна средба - Бизнис со бизнис (Б2Б) на конфекционери од Македонија и од ЕУ, спонзорирани од Проектот на УСАИД за конкурентности, други донатори и организации...

     Прочитај повеќе

Државниот просветен инспекторат е целосно екипиран за да врши интегрални евалуации во училиштата

Мандатот на Државниот просветен инспекторат на Република Македонија (ДПИ) е да го оценува квалитетот на образовниот процес во сите основни и средни училишта преку интегрални евалуации, што зазема сé позначајна улога во образовниот систем во земјата. Во изминативе години, на ДПИ му недостасуваа стандардизирани процедури и инструменти за вршење на евалуациите...

     Прочитај повеќе

Технологијата и капацитетите за зреење во дабови дрво ѝ помагаат на винаријата Бовин да ја прошири својата линија на вина со врвен квалитет

Винаријата Бовин, основана во 1998 година, беше првата винарија во приватна сопственост во Македонија, која продаваше 120.000 шишиња високо квалитетно црвено и бело вино во текот на првата година од нејзиното основање. Во текот на следната деценија, Бовин го зголеми својот производствен капацитет на еден милион литри. Меѓутоа, за да го подобри својот имиџ и палетата на производи...

     Прочитај повеќе

Клиенти од ЕУ купуваат свежо грозје од Пеца Комерц

Благодарение на поволната клима, Македонија произведува широка палета на високо квалитетно овошје и зеленчук.  Но, клучен фактор за успех на учесниците во вредносниот синџир на хортикултурни производи - производители на свежи и преработени овошје и зеленчук – е нивното знаење за тоа колку долго нивните производи можат да го задржат квалитетот после бербата и за време на дистрибуцијата...

     Прочитај повеќе

Од отпад до профитабилен бизнис – Раст на индустријата за рециклирање во Македонија

Во 2005 година, младиот претприемач Михаил Матески го препозна новиот Проект на УСАИД за рециклирање пластика како одлична почетна точка за стартување на новата линија за рециклирање Greentech-Romania во Македонија. Во земја во која не постоеше никакво претходно искуство за рециклирање отпад, Проектот за рециклирање пластика работеше на создавање мрежа за собирање пластика, преку која би се снабдувале компаниите со суровината ПЕТ (Полиетилен Терефталат)...

     Прочитај повеќе

Побарувачка на ЕУ пазарите за свежо македонско овошје и зеленчук

Со поддршка на програмата АгБиз на УСАИД, во соработка со Швајцарската програма за промоција на увозот на Оsec (Osec/SIPPO) ,во февруари 2010 год., седум македонски компании ги изложија своите производи во Германија на Fruit Logistica, водечкиот трговски саем за бизнис со свежо овошје и зеленчук на светско ниво...

     Прочитај повеќе

Првата група од 43 предавачи за јавни набавки добија сертификати од Центарот за обука за јавни набавки
Првата група од 43 предавачи за јавни набавки добија сертификати од Центарот за обука за јавни набавки

Ефикасните јавни набавки се од суштинско значење за градење и одржување на довербата на јавноста и инвеститорите во владата. Транспарентните постапки за јавни набавки не само што придонесуваат за поефикасна распределба на средствата преку зголемена конкуренција, туку исто така резултираат и со набавки со повисок квалитет, буџетски заштеди за владата и даночните обврзници и намалување на коруптивното однесување...

     Прочитај повеќе

Македонската асоцијација за човечки ресурси го подготвува својот прв стратешки план
Македонската асоцијација за човечки ресурси го подготвува својот прв стратешки план
Од прогласувањето на независноста на Македонија па сe од сега, македонското општество многу малку внимание обрнуваше на развивањето на човечкиот капитал и зголемувањето на свеста за важноста на човечките ресурси во земјата. Ова доведе до итна потреба од инвестирање во професионалци во полето на човечките ресурси, затоа што тие се основното нешто во развојот на работната сила, што е пак директно поврзано со подобрениот квалитет на производите и услугите... Прочитај повеќе
Компанија за алати гради стратегија за проширување на партнерствата и пазарите
Компанија за алати гради стратегија за проширување на партнерствата и пазарите
Мала семејна фирма за алати и бои, која е специјализирана за изработка на прецизни калапи за производство на метални алати и пластика е на пат да воспостави стратешко партнерство кое ѝ е потребно за да се прошири на глобалните пазари. После присуство од над 25 години на македонскиот пазар и на регионалните пазари, TE-TE Пласт стана снабдувач на неколку големи индустрии. Едни од најголемите клиенти на оваа компанија се: Volvo, Peugeot, Johnson Control, Colgate, Sinalko, Wabtec, Alkaloid и Replek. Прочитај повеќе
Подобро греење и унапреден производствен капацитет, а истовремено и заштитена животна средина
Подобро греење и унапреден производствен капацитет, а истовремено и заштитена животна средина
Со години наназад, Сидерос конструираше само куќишта за шпорети со груби метални делови за своите клиенти во Италија, кои потоа таму ги доработуваа. Но, благодарение на помошта од Проектот на УСАИД за конкурентност (MCP), компанијата сега е специјализирана за производство на бојлери и шпорети на дрва и еколошко гориво, со што се подигна на повисоко ниво во вредносниот синџир и успеа да го зголеми извозот. Прочитај повеќе
Со консултантски услуги текстилна фирма ја подобри продуктивноста според барањата на пазарот
Со консултантски услуги текстилна фирма ја подобри продуктивноста според барањата на пазарот
Во 2008, Македонската конфекциска индустрија (MGI) утврди еден целен пазар: лон производство на висококвалитетни машки панталони за европските модни брендови. Новоформираната конфекциска фирма имаше и договорен купувач во ЕУ. Oсновачот на фирмата, Марсел Mелес, има над 20 години искуство во дизајн, развој, производство и продажба на машки панталони. Прочитај повеќе
Кампања за подигање на јавната свест на Државната комисија за спречување на корупцијата
Кампања за подигање на јавната свест на Државната комисија за спречување на корупцијата
Транспарентност, отвореност и соработка со јавноста се три клучни принципи за работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). За борба против корупцијата, секој, вклучувајќи го и обичниот граѓанин, мора да стане свесен за разорната сила на корупцијата и да разбере дека и тој има своја улога во нејзиното спречување. Прочитај повеќе
Macedonian Fresh Produce Importers Learn from Polish Experts
Македонските извозници на свеж зеленчук, овошје и трпезно грозје учат од експерти од Полска
Потенцијалниот влез на Македонија во ЕУ бара извозните агробизниси од Македонија да станат поконкурентни. Оваа е потребно со цел агробизнисите да можат успешно да се натпреваруваат на регионалните и локалните пазари во свет со отворени граници, и да се искористи или пак да се зајакне пристапот во ЕУ пазарите кои се резултат на членството во ЕУ.Прочитај повеќе
Macedonian Producers Embrace Food Safety Standards
УСАИД се грижи за безбедноста на храната
Во септември, АгБиз програмата на УСАИД организираше тродневна работилница за HACCP систем – поставување, проверување и одржување. Целта на оваа активност како дел од програмата за зголемување на човековите ресурси беше запознавање со HACCPПрочитај повеќе
Macedonia Civil Society Flourishing with USAID Support
Macedonia Civil Society Flourishing with USAID Support
On June 6, 2008, the $5 million USAID Civil Society Strengthening Project (CSSP) marked the successful completion of its third year of working to make Macedonia’s civil society a more effective, influential, and permanent partner alongside government and business. Прочитај повеќе
Macedonian Table Grape Companies Learn from Their South African Colleagues - the Fourth Largest Exporters of Table Grapes in the World
Македонските произведувачи на вино, учат од нивните колеги од Јужна Африка (16 април, 2008)

Со финансиска и техничка помош од Проектот за Агробизнис на УСАИД, претставници од петте најистакнати бизниси со грозје во Македонија, го посетија Кејп Таун, Јужна Африка, за да учат од сопствениците на најдобрите лозја на светот. Прочитај повеќе
USAID brings 6,000 computers to all primary and secondary schools in Macedonia
САИД донесе 6 илјади компјутери во сите основни и средни училишта во Македонија
Во модерините општества, компјутерската технологија оди рака под рака со то и со развојот на децата. Интерактивниот  образовен софтвер, Интернет библиотеките и виртуелните форуми каде наставниците и учениците можат да разменуваат идеи и методологии се ефективни алатки кои можат да им помогнат на нашите деца да учат побрзо и подобро.Прочитај повеќе
USAID Commemorates World Tuberculosis Day
УСАИД го одбележа Светскиот Ден на Туберкулозата
На 24 март 2008 година, УСАИД и се придружи на Владата на Македонија како и на интернационалните и локалните партнери во одбележувањето на Светскиот ден на туберкулозата (ТБ). Глобално, бројот на смртни случаи предизвикани од туберкулоза се намалува од 1990 година наваму, но болеста продолжува да коси, одземајќи повеќе од 1,6 милиони животи годишно. Прочитај повеќе
USAID helps schools and local governments find common language
УСАИД им помогна на училиштата и на локалната власт да најдат заеднички јазик (20 март, 2008)
Проектот на УСАИД за Зајакнување на Граѓанското Општество ги прослави достигнувањата на невладината организација, Македонски центар за граѓанско (МЦГО), подржана од проектот, во имплементацијата на нејзиниот проект “Подобрување на то во општините”.Прочитај повеќе
USAID project awards leaders in Corporate Social Responsibility
Проект на УСАИД ги награди лидерите во Корпоративна Граѓанска Одговорност (28 фебруари)

На 22 фебруари, Проектот на УСАИД за Деловно Опкружување, беше еден од организаторите на првата наградна церемонија за Корпоративна Граѓанска Одговорност ”Оскари”, на која беа признаени лидерите во корпоративната граѓанска одговорност во Македонија.

Прочитај повеќе
USAID-supported Center for Economic Analysis develops world-class economic forecasting model
Центарот за економски анализи, подржан од УСАИД, разви модел за економски прогнози од светски квалитет (22 Фебруари 2008)

Центарот за економски анализи (ЦЕА) е независен и непристрасен тинк-тенк кој игра голема улога во  јавно стратегиските дебати и создава високо квалитетни макроекономски анализи.

Прочитај повеќе
USAID helps Macedonian firms learn from leading Turkish food processors
УСАИД им помага на македонските фирми да научат од водечки турски преработувачи на храна (15 Фебруари 2008)

Со подршка од проектот на УСАИД, АгБиз, осум македонски фирми, членки на Македонската Асоцијација на Преработувачи (МАП) учествуваа во едукативна посета во Турција, вклучувајќи и посета на Саемот за технологија за преработка на храна во Истамбул 2008

Прочитај повеќе
USAID supported Macedonian Institute for Media (MIM) recognizes the strongest supporters of civil society
УСАИД го подржа Македонскиот Институт за Медиуми (МИМ) во претставувањето на најсилните поддржувачи на граѓанското општество

На 30 јануари, 2008 година, Проектот на УСАИД за зајакнување на граѓанското општество, во соработка со Македонскиот Институт за Медимум (МИМ) ги претстави победниците на годишната медиумска награда на цивилното општество. Телевизија Канал 5 ја доби главната награда.

Прочитај повеќе
USAID-funded survey reveals strong public support for EU and NATO despite pessimism over the future
Истражувањето кое беше спонзорирано до страна на УСАИД открива силна подршка од јавноста за влезот на земјата во ЕУ и НАТО и покрај песимистичките погледи за иднината

Проектот на УСАИД за Подршка на Политичките Партии, имплементиран од страна на Интернационалниот Републикански Институт, спроведе истражување за јавното мислење на граѓаните и нивната подршка на Владините Институции, политичките лидери, политичките партии, како и за клучните прашања кои ги засегаат македонските граѓани.

Прочитај повеќе

In 2007, USAID helped 370 Roma to claim their basic rights through citizenship
Во 2007, УСАИД им помогна на 370 Роми да добијатдржавјанство

Со години УСАИД соработува со ромското население во Македонија за да му помогне да го остварат своето основно право за стекнување на државјанство. Државјанството му овозможува на ова маргинализирано малцинство пристап до голем број на основни права , вклучувајќи го и правото на легална регистрација при вработување или легален статус на невработеност, ...

Прочитај повеќе

The new Public Procurement Law, prepared with USAID assistance, increases the transparency of the Government’s tendering procedures
Новиот Закон за Јавни Набавки, подготвен со помош од страна на УСАИД, ја зголеми транспарентноста на владините тендерски процедури

Проектот на УСАИД за Деловно Опкружување и Проектот Е-Влада одиграа клучна улога во развојот на новиот Закон за Јавни Набавки. Новиот закон ја зголемува транспарентноста на тендерските процедури, обезбедува консистентност со другите законски мерки и ја засилува легалната заштита на надавачите..

Прочитај повеќе

USAID invests over $300,000 in school renovations all over Macedonia – and it’s just the beginning!
УСАИД инвестираше повеќе од 300.000 долари во реновирање на училишта ширум Македонија-и ова е само почетокот

Проeктот на УСАИД за Основно ја заврши првата фаза од реновирањето на училиштата при што осум училишта добија околу 300.000 долари од УСАИД и по 44.000 долари од своите општини за извршените инфраструктурни активности.

Прочитај повеќе

 


Last Updated on: April 02, 2012