Датум на започнување: 15 февруари 2010 г.
Датум на завршување: 14 февруари 2012 г.
Буџет: $197.730
Го спроведува: Open the Windows
Цели
Да се зголемат образовните можности на учениците со хендикеп во основните училишта во Македонија. Да им се овозможи на овие ученици пристап до информатичката технологија, преку асистивна технологија и да се зајакне капацитетот на наставниците за работа со нови технологии, кои им помагаат на учениците со хендикеп.
Да се промовира полезноста од употребата на асистивната технологија во училиштата и да се вклучат релевантните актери во креирањето на окружување, во кое децата со хендикеп ќе може да се здобијат со подобро образование.
Компоненти
- Процена на потребите на учениците со хендикеп во основните училишта во врска со употребата на компјутерите.
- Обезбедување на соодветна асистивна опрема која се состои од пристапни уреди и софтвер за основните училишта.
- Градење на капацитетите на наставниците и стручните тимови на основните училишта преку обука директно поврзана со асистивната технологија и нејзината улога во наставата.
- Тркалезни маси за наставниците, родителите и членовите од релевантните министерства.
- Конкурс за компјутерски цртежи за учениците од опремените училишта.
Очекувани резултати/Влијание
Програмата ќе помогне да се промени сегашното мислење на наставниците (и на други вклучени актери) дека лицата со хендикеп не се во можност да ја следат редовната настава. Индиректно, ќе се пренесе пораката дека хендикепот на едно лице не е причина за исклучување и изолација, но и дека со дополнителна помош и поддршка можат да им помогнат на учениците со хендикеп да учествуваат во редовната настава. Лицата со хендикеп може да ги искористат способностите што ги поседуваат и да ги надминат бариерите со кои се соочуваат во секојдневниот живот.
Ќе бидат избрани дваесет основни училишта од различни региони во Македонија, кои ќе бидат опремени со асистивни уреди. Приближно шеснаесет лица, вклучително и десет наставници, членови од стручните тимови на училиштата, педагози и психолози, претставници од локалната самоуправа, советници од локалните канцеларии на Бирото за развој на образованието (БРО) и претставници на родителските совети од секое училиште ќе добијат обука за користење на асистивната технологија во работата со учениците со хендикеп. По еден наставник од секое училиште ќе биде избран со цел, во иднина да пренесува информации, знаења и вештини во училиштето.
Програмата спроведе истражување во сите 334 централни основни училишта во Република Македонија за бројот на деца со хендикеп, видот на хендикеп, и свеста и капацитетот на училиштата да обезбедат услуги, особено за употребата на асистивната технологија, за децата со посебни потреби. Резултатите покажаа дека иако повеќето училишта пријавија дека имаат ученици со посебни потреби, малку од нив се опремени или имаат персонал кој ги поседува потребните вештини за да обезбеди поддршка на овие ученици.
Информации за контакт
Контакт во УСАИД: Наташа Булеска, AOTR; nbuleska@usaid.gov;
Лидер на тимот: LeAnna Marr; lmarr@usaid.gov
Менаџер на проектот: Владимир Лазовски; vladimir.lazovski@openthewindow.org
Програмски асистент/Службеник за комуникации: Маргарита Гулевска margarita.gulevska@openthewindow.org
Веб страница: www.openthewindows.org
