Недостатоците во образованиот систем на Република Македонија се значителни и претставуваат главна пречка за намалување на невработеноста, развој на економијата и промовирање на социјалната кохезија. Образованието во Македонија се соочува со два големи проблема, а тоа се подигање на нивното на релевантност на образованието и подобрување на квалитетот за да може да се соочи со предизвиците на 21 век. Заради тоа, образованието е голем приоритет за Владата на Република Македонија и УСАИД, бидејќи недостатокот на вештини за вработување значително го попречува економскиот развој и ја доведува во прашање европската иднина на Македонија.
Уште од 2001 година, УСАИД спроведува програми на сите нивоа во образовниот систем, од градинка до универзитет. Овие програми се насочени кон шест клучни области: 1) Зајакнување на основните вештини и критичкото мислење кај студентите, 2) обучување на 10.000 наставници за модерни методи на настава, 3) обучување на постарите студенти со практични бизнис вештини, 4) зголемување на пристапот до Информатичката и комуникациска технологија (ИКТ), вклучително и активности со кои Македонија ја доби титулата „Прва земја во светот со безжичен пристап до интернет“, 5) обезбедување образовна поддршка на ромските ученици и 6) основање на Универзитетот на Југоисточна Европа, првиот мулти-етнички, мулти-јазичен универзитет во регионот.
Тековната помош во образованието е насочена кон: проширување на пристапот до квалитетно основно , особено за ромската популација; подготвување на младината да стане модерна работна сила преку унапредување на техничкото и образованието за претприемништво и кариера; унапредување на наставните вештини кај наставниците; континуирано подобрување на училишната околина преку реновирање и унапредување на енергетската ефикасност, зајакнување на вештините за решавање на проблеми и критичко мислење и зголемен пристап и користење на информатичките технологии во училиштата.
Детални информации за нашите проекти ќе најдете подолу Ве молиме, директно контактирајте нè доколку имате какви било прашања или коментари!
Директор на Канцеларијата за образование: Лиана Мар e-mail: lmarr@usaid.gov
Тим за :
Наташа Булеска, nbuleska@usaid.gov
Сиена Флајшер, SFleischer@usaid.gov
Тековни проекти
Програми на УСАИД чија цел е зголемување на граѓанското учество во политичките и социјалните одлуки се:
Проект за меѓуетничка интеграција во образованието
Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (YES)
ЕДНАКОВ ПРИСТАП ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА РОМИТЕ
Завршени проекти
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
ПРОГРАМА ЗА ЧОВЕКОВ И ИНСТИТУЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ
Проект за креативна настава и учење
e-Школо
Активности во средното образование
Проект "Македонија се поврзува" (MK Connects)
Програма за Поврзување и Високо образование на УСАИД и Универзитетот на Југоисточна Европа
