|
|
Од 2008 до 2009 година, г. Вурц работел како директор на Канцеларијата за политика и приватен сектор во Мисијата на УСАИД во Каиро, каде што работел во супервизија на готовински трансфери на програмата на УСАИД Египет за економски реформи, програмата за увоз на стоки и техничка помош при реформирање на економските политики. Тој исто така работел и како ВД Директор во Каиро, од јули до септември 2009 година.
Пред тоа, г. Вурц работел како службеник за супервизија во Пакистан (2007 до 2008), како директор на Канцеларијата за економски развој и управување во Манила (2003 до 2007), службеник за управување во Манила (2000 до 2003), економист во програмата за супервизија во Каиро (1994 до 2000) и како економист на програма во Гана (1990 до 1994).
Пред неговото вработување во УСАИД, г. Вурц работел како економски советник на Министерот за финансии на Саудиска Арабија во Ријад, назначен од Министерството за финансии на САД. Тој исто така има работно искуство и во приватниот сектор на различни позиции во врска со економски, социјални и енергетски прашања.
Г. Вуерц докторирал економија на Универзитетот во Вирџинија, а дипломирал на Универзитетот Корнел.
