Нови можности на Fruit Logistica 2012
УСАИД поддржува дванаесет македонски компании и претставници од Федерацијата на фармери на Република Македонија да учествуваат на Fruit Logistica 2012, водечкиот светски саем за бизнисот со свежо овошје и зеленчук. Саемот ќе се одржи од 8 - 10 Февруари во Берлин, Германија. Со учество на Fruit Logistica 2012, овие водечки компании од индустријата за овошје и зеленчук ќе го зголемат нивното знаење за најновите технологии и управувачки практики за подобрување на продуктивноста и зголемување на конкурентноста на нивните компании. Дополнително, македонските претставници ќе се сретнат со потенцијални купувачи, дистрибутери, консолидатори, и продавачи на големо, со што ќе ги истражат можностите за нови стратешки партнерства и нови пазари.

