Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) е независна федерална владина агенција со која раководи Администратор, кој е назначен од Претседателот. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош низ целиот свет, а насоките во врска со глобалната надворешна политика ги добива од Државниот секретар.
Историските податоци за УСАИД датираат уште од времето на Маршаловиот план за обнова на Европа, после Втората светска војна. Во 1961 година, Претседателот Џон Ф. Кенеди го потпиша Законот за странска помош и ја формираше Агенцијата со извршен акт. Од тогаш наваму, УСАИД е главната американска агенција која обезбедува помош во преку 100 земји во четири региони во светот: Суб-Сахарска Африка, Азија и Блискиот Исток, Јужна Америка и Кариби и Европа и Азија.
Стратегијата за Европа и Евроазија е насочена кон три главни области: економско преструктуирање и развој, демократија и управување и решавање на предизвици кои ги наметнува транзицијата, кои се различни во секоја земја. Покрај тоа, УСАИД користи и повеќе секторски пристап, со помош на кој се решаваат главните препреки во променливи околности, а истовремено максимално се развиваат суштинските демократски вредности.
За повеќе информации за Бирото на УСАИД за Европа и Евроазија, кликнете овде
За повеќе информации во врска со условите за брендирање за нашите партнери, кликнете овде
