На почеток > Известување за приватноста

Известување за приватноста

Овој дел од страницата објаснува како УСАИД ќе ги користи информациите кои ќе ги добие од вас и вашите посети на страницата. Информациите што ќе ги добиеме зависат од тоа што ќе направите кога ќе ја посетите страницата.

Ако ја посетите нашата страница да прочитате или да симнете информации, како информации за земјата или за еден од нашите проекти:

Ги собираме и ги чуваме само следниве информации за вас: име на доменот од кој пристапувате на Интернет (на пример, aol.com, ако се поврзувате од адреса на America Online, или iowa.edu ако се поврзувате од доменот на Универзитетот на Ајова); датумот и времето кога сте ја посетиле страницата, Интернет адресата на страницата од која дирекно сте се поврзале со нашата, и кои информации сте ги гледале на нашата страница.

Информациите што ги собираме ги користиме за да имаме увид во бројот на посетителите на различните делови на нашата страница, да видиме кои информации најмногу се гледаат, за да ни помогнат да ја направиме страницата покорисна за посетителите. Собирањето и чувањето на информациите е одделно од активноста која ја опишуваме како посматрање на нашето известување за безбедноста.

Собраните информации се користат за две цели -- работа со страниците, и, во случај на сомнителна недозволена активност, за спроведување на законот и можно кривично гонење.

Ако се идентификувате со испраќање на свој коментар преку е-маил на нашата страница за контакт:

Може да решите и да ни испратите информации кои лично ве иднетификуваат, на пример, порака по електронска пошта во која ни поставувате прашање или ни давате коментар или сугестија. Ја користиме информацијата која лично ве идентификува за да одговориме на вашиот коментар или предлог, и да го видиме бројот на луѓето кои ни праќаат коментари. Во одделни случаи, вашиот коментар или предлог може да им се проследи и на други владини агенции на САД ако тие можат подобро да одговорат на вашата порака.

Сакаме јасно да кажеме: Нема да добиеме информации кои лично ве идентификуваат кога ќе ја посетите нашата страница, освен ако вие не решите самите да ни дадете такви информации. 

Cookies и други информации од вашиот компјутер

Генерално, оваа страница НЕ користи "cookies" што некои страници ги користат за да соберат и да сочуваат информации за вашите посети на тие страници.

Cookies се во суштина збир на информации како преференци и пасворди, кои некои Интернет страници ги собираат од вас кога ќе ги отворите. Овие податоци се чуваат на вашиот хард драјв, а не на серверот на страницата. Кога ќе посетите страница со "cookie", серверот го бара своето cookie на вашиот хард драјв, и, ако го најде, ги ќита информациите од таму. Cookies обично се ви директориумот на вашиот пребарувач или во фолдер под име cookie.txt (MagicCookie на Macintosh).

Некои од линковите на Интернет страниците на УСАИД се поврзани со страници кои не се на УСАИД и можат да стават cookies на вашиот компјутер.

Ако сакате да ги избегнете тие cookies, може да го програмирате вашиот пребарувач да ве извести кога се ставаат и да ви дозволи да ги одбиете. Програмите за помош на вашиот систем ќе ви објаснат како да го сторите тоа.