Разоткривање на маската за Македонија
Македонија е преполна со археолошки богатства. Каде и да
копнете ќе наидете на античка монета или можеби шлем
Ричард Бенгс
Дури и пред Александар Македонски, Македонија будеше моќ
која можеше да води. Кога античките Грци ги одржуваа олимпијадите,
тие забранија учество од планинскиот сосед на север, бидејќи
ловците-воини беа премногу силни, премногу брзи, премногу
добри - покажани како географски и генетички еквивалент на
стероиди. На крајот на краиштата, се веруваше дека Македонците
се наследници на Зевс.
Кога Александар се одлучи да учествува на олимпијадите, ја
докажа ужасната оправданост: тој победи. Меѓутоа, тој беше
император. Александар се покажа како брилијантен генерал и
одлучен освојувач дури и пред смртта на својот татко Филип
Втори Македонски. Потоа, во периодот меѓу 336 и 323 година
пр. н.е., младиот лидер тргна во мисија за освојување и обединување
на познатиот свет, станувајќи, како што го нарекоа некои,
првиот вистински глобален лидер - носејќи ја класичната грчка
(и македонска) култура на север до Дунав, на исток до Индија
и на југ до Нил. Последните египетски фараони беа Македонци,
Птоломејската династија, наследници на генералот на Александар,
Птоломеј Сотер. По смртта на Александар во 32. година од животот,
Македонија стана „Цатена Мунди", врска меѓу световите,
мистичните културни крстопати, врска на епохи.
Во следните милениуми речиси секој има минато низ овие раскрсници,
повеќето од нив за да стават печат на освојувањата - Римјаните,
Хуните, Готите, Норманите, Византијците, Бугарите, Отоманците,
Србите и, секако, Германците за време на Втората светска војна.
По војната, срцевината на оваа земја беше приклучена кон Југославија
како нејзина најјужна република и 47 години го поднесуваше
срамот на анонимноста. Меѓутоа, во 1991 година повторно се
афирмираше националистичкиот дух и без крвопролевање таа повторно
се формираше како држава - Република Македонија. Сепак, задржа
одредени карактеристики - неосетлив карактер, цврстина на
карпа и одлучност што ги надминува времето и империите...,
истовремено асимилирајќи ги попривлечните карактеристики на
освојувачите и оние кои биле на поминување, креирајќи еден
вид мешана салата, „македонска салата", на темпераменти
и духови.
Нејзината богата историја значи дека Македонија е преполна
со археолошки богатства. Изгледа дека каде и да копнете со
копачот, ќе наидете на античка монета, неолитски остаток,
шлем, дури и златна ракавица стара илјадници години. Има тајна
индустрија од „трагачи" кои копаат со копачи и лопати
и ги продаваат пронајдените предмети на црниот пазар, понекогаш
за милиони денари. Во југозападниот квадрант на земјата се
наоѓа Охридското Езеро, најдлабокото езеро во Европа. Туристичкиот
град, кој се протега на неговите брегови, можеби е најстарата
континуирано населена населба во Европа, што датира од пред
7.000 години, и нејзините археолошки богатства се едвај начнати.
Овде се среќаваме со најпознатиот археолог во Македонија,
Паско Кузман. Тој врши ископувања на затрупаните локации на
Охридското Езеро стари 3.000 години и првата тврдина на кралот
Филип Втори, таткото на Александар, на неговите брегови. Иако
неговата академска стручност е импресивна, мојата прва реакција
беше дека тој е копија на актерот Ентони Хопкинс, како загубениот
антрополог во филмот „Инстинкт". Постои перманентен божествен
сјај на неговото лице, како религиозна икона - неговата долга
бела коса е разиграна на ветерот, додека влакната од градите
се појавуваат околу неговиот неолитски примерок за сечење
карпи. Тој е со немирен дух, како и неговиот херој Александар,
кому му се восхитува како на „филозоф во акција".
Главните алатки што ги користи Паско се трите тешки часовници
што ги носи на левата рака, кои тој ги нарекува „временски
машини". Со едниот вели дека патува во бронзеното и неолитско
време, со вториот во иднината, а со третиот, неговиот „археолошки
часовник" со неговите специјални сензори, ги открива
своите пронајдоци. „Ако заѕвони двапати, тоа е сребро, а ако
заѕвони трипати, тогаш сум наишол на злато".
Паско нж предводи по тесното уличе кон стовариштето на за’рѓани
алатки и многугодишни растенија. Овде тој работи на ископување
и нж повикува и ние да му се приклучиме. Одненадеж се наоѓаме
во каллива античка гробница и, според нејзината големина,
изгледа дека е гробница на некого од кралско семејство. Дали
таа би можела да биде на Александар, чие последно почивалиште
е непознато? И во темнината сж уште можам да го забележам
ѓаволскиот сјај во очите на Паско додека одговара: „Не е мое
да кажам". Без оглед на сж, гробницата е празна, можеби
е жртва на еден од многуте ограбувачи на гробници кои ги крадат
античките богатства на оваа земја и ги препродаваат на купувачи
од странство.
Маската од Македонија
По шетањето низ калдрмавите улици на Охрид, Паско се понудува
да нж однесе до „кабинетот Троја", неговата лабораторија
на покривот. Кога влегуваме во неа, тој ги пали флуоросцентните
светла и тука на долгите маси и полици се плодовите на неговата
мистерија - низа копја, штитови, стрели, мечови, синџирчиња,
вински пехари и бронзени борбени шлемови. На еден од нив има
венец и извиткани рогови на овен, слични на оние што ги носел
Александар, во описите на монетите и чиниите.
Ми изгледа запрепастувачки што сето ова богатство се наоѓа
во ова поткровје како некоја детска колекција од камења и
дека ни е дозволено да ги допреме овие артефакти, посегнувајќи
и допирајќи ги делата од рацете што ги изработиле пред повеќе
од два милениума. Потоа, со посебно внимание, Паско вади сребрен
клуч. Тој го отвора ормарот со картотека и спушта ковчег кој
изгледа како некој навлажнувач од театарска претстава на Мек
Гафин. Се наведнуваме над него и тој го отвора поклопецот
за да ни го покаже највеличественото откритие, златната маска
од Требеништа. Веднаш до неа се наоѓа златната ракавица на
која се наоѓа златен прстен, двата предмета што ги пронајде
во 2002 година во гробница тука под Охрид. Ова можеби е најзначајното
современо откритие во Македонија.
Четири други слични маски се пронајдени и покажани во странство,
продадени на црните пазари и сега претставени во музеите во
Софија и Белград. Паско ја чува оваа во мала кутија на својот
правлив таван. Инсистираше да ја допрам деликатната маска
од 5 век пр. н.е., која речиси ја испуштив од раце кога посочи
дека би можела да достигне цена од 18 милиони долари на пазарот.
Меѓутоа, тој не изгледаше загрижен, бидејќи верува дека има
уште вакви предмети на местото каде што е пронајдена и оваа.
Паско објаснува дека ова е маска за погреб, чија цел е да
му помогне на мртовецот да комуницира со живите. Самиот Паско
изгледа навлечен на легендата и реалноста, човек кој ја користи
моќта на минатото за да ја разбере иднината. Не можам да одолеам
- морам да прашам како изгледа иднината на Македонија.
„Македонија никогаш нема да исчезне. Таа е легендарно место
што ќе постои низ времето. Само кога основните елементи на
универзумот ќе престанат да постојат, тогаш ќе се случи тоа
и со Македонија".
„Александар го обединил светот. Тој генијално ја користел
својата моќ. Ние се обидуваме да го достигнеме овој идеал,
но не можеме. Ние можеме само да тежнееме да го разбереме
светот како што го сторил тоа Александар".
Паско ја става маската на Македонија повторно во својата
кутија, нж поведува кон вратата и ја гасне светилката.
http://adventures.yahoo.com
|